-->
-->
Десетмина загинати откако се преврте брод со имигранти крај грчкиот остров Фармакониси
-->
Брод, со кој патувале најмалку 100 имигранти се преврте источно од грчкиот остров Фармакониси. Десет лица, вклучувајќи и едно дете, загинаа, соопшти грчката крајбрежна стража, пренесува ТАСС..
Крајбрежната стража спасила 68 лица, а други 29 успеале сами да стигнат до брегот.
Продолжува потрагата по патници од превртениот брод. Во моментов на местото на несреќата се наоѓаат спасувачки хеликоптер и брод на крајбрежната стража.
Според податоците на Меѓународната организација за миграција бројот на имигрантите, кои дошле во Европа преку Средоземното Море од почетокот на годината е над 350 илјади луѓе. Главниот дел од нив пристигнале преку Грција - околу 218.000, следат Италија - околу 114.000, Шпанија - околу 2000 и Малта - 94 лица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се следи состојбата со цените на пазарот
-
Трамп не се согласува со американските разузнавачи за штетата врз нукеларните капацитети на Иран
-
Доживотна казна затвор за убиството на Вања и Панче, ослободителна пресуда за Ѓорчевски
-
Инфраструктурни и медицински проекти на Детската клиника
-
НАТО Самит во Хаг
-
Славески препорачува намалување на банкарските провизии
-
Незадоволство во Бугарија по усвојувањето на извештајот за Македонија во ЕП
-
Како во едно големо семејство се одвива рехабилитацијата на повредените на Пониква