Десетина повредени при пад на руски воен авион

Најмалку осум лица се повредени денеска при уривање на авион на Военото воздухопловство на Русија во руската автономна Република Јакутија, соопшти претставник на регоналната служба за вонредни состојби.
Меѓутоа, извори во руското Министерство за одбрана тврдат дека при падот на авионот од типот Ил-18 биле повредени 16 лица.
Како што јави ТАСС, засега нема точни податоци ниту за бројот на лица кои се наоѓале во летелото при неговото уривање. Првично беше соопштено дека во авионот имало 32 патници и седум челнови на екипажот, за потоа да се информира дека во него имало „вкупно 30 лица“, од кои најголемиот дел воени офицери.
Авионот полетал од аеродромот Колцово во Екатернинбург и се урнал на 27 километри од местото Тикси во Јакутија.
Руските медими првично јавија дека несреќата ја преживеале само шест лица, но Министерството за одбрана ги демантираше ваквите информации, нагласувајќи дека при уривањето на авионот нема загинати.
Ново на Сител
-

Уставниот суд ќе одржи седница, првпат ќе се пренесува во живо
-

Собранието ќе избира заменици министри за одбрана и за образование
-

Претпладне сончево, попладне променливо облачно и ветровито
-

Одреден 48-часовен притвор за сопругот на починатите жена и дете од Карпош
-

Македонските државјани од Абу Даби ќе се евакуираат со комерцијален лет, се финализираат деталите
-

Пронајдена дрога кај војник - Се огласија од Армијата
-

Американската војска вели дека нападнала над 1.700 цели во операцијата во Иран
-

На обиколницата Скопје - Тетово по излетување од коловоз загина едно лице
