-->
-->
Десетици повредени во сместувалиште за бегалци во Германија
-->

Четириесетина луѓе се повредени, меѓу нив и 8 деца во нападот што се случил во текот на ноќта во сместувалиште за баратели на азил во градот Масов на сверот од Германија во близина на Хамбург.
Полицијата го уапсила напаѓачот кој што користел пепер спреј а кој бил под дејство на алкохол и дроги.
Напаѓачот на возраст од 28 години влегол во центарот за бегалци кој е сместен во поранешната зграда на локалната болница и започнал да прска со спрејот кој предизвикал здравствени проблеми кај четириесетина лица од кои што двајца возрасни и 8 деца поради респираторни проблеми и иритација на очита биле префрлени во болница на понатамошно лекување.
Напаѓачот по првичните инциденти бил совладан од вработените во кампот и бегалците по што бил заклучен во една од собите, пренесува Берлинер Морген пост.
Според полицијата напаѓачот е познат корисник на дроги а бил вработен во фирма која која што работела за потребите на кампот и бил сместен во хотел што се наоѓал во истиот круг со бегалците. Оваа година Германија се соочи со огромен број напади врз центри за бегалци и баратели на азил.
Само во последните протести на крајот на август беа повредени 31 полицаец.
Во првите шест месеци од 2015 година бегалците се жртви на околу 200 напади на бегалски сместувалишта а само во Јули и Август според Федералната криминална полиција се случиле 131 напад на бегалци од страна на деснчарски екстремисти.
Дел од напаѓачите на бегалските кампови пред една недела протестираа пред центар за бегалци во градот Хајденау каде што канцеларката Меркел ги посети барателите на азил.
Десничарските екстремисти на протестите против Меркел, која што порача дека нема толеранција за тие што не сакаат да помогнат на бегалците, ја нарекуваа „предавник на нејзините луѓе“, реченица која што се користела за време на нацистичка Германија за луѓе кои што биле против Хитлер. Германија во 2015 се очекува да прими околу 800 илјади азилантски барања, повеќе од сите други членки на ЕУ заедно.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пронајдено починато бебе во дом во Шуто Оризари
-

Израелската полиција го приведе шефот на кабинетот на Нетанјаху
-

Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
-

Во 24 часа шест лица приведени за безобѕирно возење, едно лице предизвикало и сообраќајна несреќа
-

ЦУК: Поплавени површини, оштетени патишта и евакуации поради обилните врнежи
-

Стармер во разговори со сојузниците за можно распоредување сили на Гренланд
-

Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Маврово - Дебар
-

Успешно спасување на двајца вработени на А1 кај с. Лазарополе | ВИДЕО
