Балкан
1. March 2017 - 11:15

Десетици летови се откажани или одложени поради густата магла во Истанбул

Десетици летови се откажани или одложени на аеродромот „Сабиха Гукчен“ во Истанбул поради густата магла во неколку делови од градот, јави ТАСС.

Турскиот национален авио-превозник „Туркиш ерлјанс“ соопшти за сите откажани летови од и до аеродормот „Сабиха Гукчен“, што се наоѓа во азискиот дел на градот. Летовите нема да бидат пуштени се додека не се нормализираат временските услови. 

Истовремено, меѓународниот аеродром „Ататурк“, што се наоѓа во европскиот дел на градот работи нормално.

Поради маглата се прекинати патувањата по Босфор.