Десетици илјади Украинци во САД од денеска без правна заштита и под ризик од депортација
Десетици илјади украински бегалци во САД од денеска почнуваат да ја губат својата правна заштита, што ги изложува на ризик од апсење и депортација, доколку администрацијата на претседателот Доналд Трамп не преземе мерки.
Се проценува дека околу 120.000 Украинци, кои пристигнале во последните две години преку програмата „Обединети за Украина“, ќе останат без хуманитарниот статус што им беше доделен од администрацијата на поранешниот претседател Џо Бајден. Програмата, замислена како брз механизам за преселување, им обезбедуваше двегодишен, обновлив престој под услов да имаат приватен спонзор во САД.
Откако Трамп ја презеде функцијата, програмата е укината, а престана и обновата на дозволите за престој и работа. Вкупно околу 250.000 Украинци пристигнале во САД преку овој механизам, но околу 120.000 кои дошле по 16 август 2023 година ќе останат без легален статус по неговото истекување.
Трамп во јуни изјави дека е подготвен да им дозволи на Украинците да останат во земјата до крајот на војната, но засега нема официјална одлука. Во меѓувреме, украинските заедници и хуманитарни организации предупредуваат дека луѓето се наоѓаат во „двострана замка“ – без финансиски средства за ново преселување и без можност за безбедно враќање во татковината.
МИА
Ново на Сител
-
ОЈО бара притвор за таткото на играч на „Шкупи“ што физички нападна двајца младински фудбалери на „Брегалница“
-
Приведен 51-годишник од Охрид, испраќал недолични пораки и фотографии на 17-годишна девојка
-
На ГП „Табановце“ се чека 30 минути
-
Приведени пет дилери од скопје кај кои била пронајдена бела прашкаста материја и марихуана
-
ЦУК: Регистрирани седум пожари на отворен простор, два сè уште активни
-
Поскапуваат горивата
-
Приведен маж од Скопје, возел со 2,90 промили алкохол во крвта
-
Сител Телевизија вработува водителка на временска прогноза