Десетици илјади евакуирани на Филипините поради приближувањето на ураганот „Феншен“
Десетици илјади луѓе на Филипините се евакуирани денеска од своите домови на брегот на Пацификот поради опасност од поплави во момент кога тропската бура „Феншен“ го зафати регионот, јавија светските агенции.
Бурата попладнево со брзина на ветрот до 80 км на час ја погоди општина Губат, на југоисточниот врв на главниот остров Лузон, соопшти државната метеоролошка служба.
Откако жителите беа евакуирани од крајбрежните и другите ризични области, локалните власти соопштија дека нема извештаи за сериозни штети или жртви.
„Имаше обилни дождови и силни налети на ветер, иако не толку силни“, изјави Рајан Естреладо, спасувач во Губат.
Ураганот вечер треба да помине во близина на островот Катандуанес, кој има население од 270.000 жители, со брзина на ветер до 90 км/ч. Се очекува „Феншен“ да се засили пред да стигне до копното по втор пат во централен Лузон, соопшти националната метеоролошка служба.
MИА
Ново на Сител
-
Во Скопје ќе има втор круг, градоначалник ќе се бира меѓу Ѓорѓиевски и Мециновиќ
-
Меѓународните набљудувачи ќе ги презентираат своите наоди за Локалните избори 2025
-
Интервјуирање кандидати за судија во ЕСЧП во Стразбур
-
Зеленски: Украина нема ништо да му даде на агресорот и нема ништо да заборави
-
Русија престана да снабдува гас од Казахстан поради нападот во Украина
-
Сончево со мала до умерена локална облачност
-
Мицкоски: Ова е триумф на народот, Македонија не избра партија туку вредност и насока
-
Филипче: СДСМ победи во три општини во првиот круг, граѓаните помасовно да излезат во вториот круг