Свет
5. November 2016 - 15:35

Десетици илјади демонстранти побараа оставка од јужнокорејската претседателка

Десетици илјади луѓе се собраа денеска на протести и побараа оставка од јужнокорејската претседателка Парк Гуен-хе поради корупциски скандал. 

Тие носеа транспаренти, извикуваа пароли и побараа таа да се повлече, еден ден откако во телевизиско обраќање им се извини на граѓаните поради злоупотреба на функцијата и влијанието.

Во скандалот е вмешана нејзина долгогодишна пријателка, а претседателката ја презеде вината и одговорноста.

По аферата, поддршката во јавноста за Парк Гуен-хе оваа недела значително се намали.