Десетици евакуирани поради ерупција на вулкан на јапонскиот остров Кјушју

Ерупција на вулкан со исфрлени огромни количества чад, пепел и камења, принуди на евакуација десетици жители од два града на јужнот јапонски остров Кјушју.
Големи камења паѓале дури и на 2,5 километри оддалеченост од кратерот на вулканот Сакураџима во јужниот дел на префектурата Кагошима, околу илјада километри југозападно од Токио.
До утрово своите домови ги напуштиле 33 жители, барајќи засолниште во побезбедните делови на областа. Засега нема информации за штети или повредени.
Кратерот на вулканот од утрово не може да се види поради неповолните временски услови.
Снимките објавени од јапонскиот јавен радиодифузер „Ен-Ха-Ка” покажуваат портокалови пламени во близина на кратерот и темен чад со пепел што се извива високо над врвот на планината.
Јапонската метеоролошка агенција го подигна предупредувањето за ерупција на највисоко, петто ниво и препорача евакуација на 51 жител од загрозеното подрачје. Агенцијата предупреди дека лава, пепел и запален гас може да течат во радиус од два километри околу вулканот додека вулкански карпи може да паднат и до три километри оддалеченост од кратерот.
Ново на Сител
-

Коосновачот на „Телеграм“, под истрага за помагање терористички активности
-

Битолчанец се обидел со нож да си ги убие сопствените деца
-

САД денеска воведоа нови царини од 10 проценти наместо најавените 15 проценти
-

Вчера приведени 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол
-

Редефинирање на поддршката: Како Flex Credit инвестира во првите спомени на татковците
-

УНИЦЕФ: Речиси осум милиони деца во светот се неисхранети, секое петто дете умира од глад
-

Зголемен транспортот на стока со камиони во четвртиот квартал лани
-

Алиу: Одземени лиценците на шест компании кои одгледуваат марихуана за медицински цели поради констатирани недоследности
