Десет сообраќајки во Скопје, исто толку повредени од кои еден потешко

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје се случија 10 сообраќајни незгоди од кои во една потешко е повреден возач на мопед, во пет со полесни повреди се здобиле девет лица, а четири поминале само со материјална штета.
Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 43 возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца возачи кои не ги почитувале светлосно сигналните уреди, односно поминале на црвено светло на семафорот, седум возачи што за време на управување на моторните возила, не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон. Санкционирани се и 13 возачи што ги управувале своите возила без возачка дозвола, односно нерегистрирани, четворица возачи на велосипеди што сториле прекршоци по разни основи и 32 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило пајак отстранети се 58 возила.
Во рамките на сообраќајно воспитниот проект „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи” Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници во детска градинка „Мајски Цвет“ - матичен објект кој се наоѓа на подрачјето на општина Карпош, притоа ќе бидат реализирани едукативни работилници со децата од средна и голема група.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Граѓаните сѐ уште ги плаќаат сметките од владите на Заев и Ковачевски
-

„Теса енерџи“ ја пушти во употреба новата когенеративна постројка на Топлана Скопје Север, инвестиција од 2,5 милиони евра
-

ЦИА декласифицираше белешки за Ал Каеда
-

Кривична пријава против 27 лица за незаконско внесување категории во возачки дозволи
-

Тешка сообраќајна несреќа кај Миладиновци, наредби за обдукција на две починати лица
-

Удрил полицаец па во полициското возило при обидот да избега - МВР со детали за директорот од „Царина“ фатен со 17.500 евра мито
-

21 годишен фудбалер на Тетекс загина во тешка сообраќајна несреќа
-

ЦУК: До 07:30 часот 31 пожар, три активни, четири под контрола
