Десет сообраќајки вчера во Скопје, 14 лица исклучени од сообраќај
Седум лица биле полесно повредени во пет од вкупно 10 сообраќајки регистрирани во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во пет била причинета материјална штета.
Од МВР информираат дека во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Четириесет и тројца возачи се движеле со брзина поголема од дозволената и тројца возачи кои поминале на крстосница на црвено свето. Четиринаесет лица биле исклучени од сообраќај: двајца поради возење под дејство на алкохол, 10 кои се уште не се стекнале со право за возење и двајца возачи почетници. Санкционирани биле четири пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и двајца пешаци кои поминале коловоз на црвено светло. Затекнати биле 41 непрописно паркирано возило.
Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 88 возила.
Во рамки на сообраќајно воспитната акција „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ денеска едукативна работилница ќе се одржи со учениците од второ одделение во ООУ „Његош“ во населеното место Јурумлари, општина Гази Баба.
Ново на Сител
-
Примил 10 000 евра за наводно да влијае врз судски постапки, кривична против лице од Скопје
-
Приведена скопјанка поради криумчарење шест мигранти од Египет
-
Пожарот во Тетовско и понатаму активен откако се разгоре два часа пред полноќ
-
Лажна дојава за бомба на скопскиот аеродром
-
Путин: Разговорите „се одржаа во конструктивна атмосфера на меѓусебно почитување“
-
Меланија Трамп му испрати писмо на Путин за киднапираните деца од Украина
-
Трамп по средбата со Путин: Многу сме блиску до договор за Украина
-
На „Табановце“ за излез од државава се чека околу 30 минути, на „Богородица“ 40 минути