Десет процентно зголемување на стипендиите за студентите
Студентски стипендии повисоки за 10 проценти. Оваа академска година 2905 студенти 9 месеци ќе добиваат зголемени парични средства. Министерството за образование го распиша кокурсот за стипендии поделени во 3 групи. Најголем простор им се остава на лицата од социјалните категории.
1500 студенти со социјален статус месечно ќе добиваат по 3300 денари. Во втората група спаѓаат студентие кои имаат висок просек. 630 од нив месечно ќе добиваат 4400 денари а за 125 информатичари со просек над 9, 00 сумата е наголема и изнесува 6050 денари.
Најголема ќе биде борбата за сите останати кои имаат просек над 7. Оваа категорија опфаќа 650 студенти кои 9 месеци ќе земаат по 3300 денари. Рокот за пријавување е кус и завршува за 7 дена.
Резулататите од конкурсот ќе бидат објавени ден пред нова година, а исплатата на стипендиите ќе почне напролет кога одеднаш ќе се исплатат и заостанатите рати. Право на стипендија немаат само бруцошите, бидејќи во сите категории се бара успех од минатата година.
-
Весна Ќуксановиќ
Сите содржини од овој новинар