Десет пријави за измами при купување на огревни дрва од почеток на годинава во Куманово

Десет пријави за измами при купување огревни дрва евидентира кумановската полиција од почетокот на годинава досега, соопштија денеска од СВР Куманово.
Последната измама беше пред неколку дена кога седумдесет и петгодишна кумановка пријави дека била измамена за 10.000 денари при купување огревни дрва
-Начинот на измама сторителите го вршат со доаѓање во домот на постари лица, при што ги доведуваат во заблуда со лажно прикажување на факти дека продаваат огревни дрва, ги наведуваат да им ги платат дрвата под изговор дека камионот со дрва е во близина и дека дрвата ќе им бидат донесени, ги земаат парите и заминуваат, појаснува полицијата.
СВР Куманово соопштува дека континуирано презема превентивни мерки и апелира до граѓаните да бидат претпазливи, особено повозрасните кога непознати лица им нудат огревни дрва за пониска цена од продажната, да не наседнуваат на измами во кои лажно се нудат услуги и сите сомнителни случаи да ги пријават на бројот 192.
Ново на Сител
-

Приведен 21 возач поради безобѕирност
-

Земјотрес од 3,3 степени почувствуван во Македонија
-

Вучиќ, во пресрет на неговата оставка, најави помилувања и аболиции
-

Кривична пријава за две лица кои измамиле 88-годишник и му одзеле 300.000 денари
-

Скопјанец ја нападнал својата сопруга во Полициското одделение Шуто Оризари по што бил лишен од слобода
-

Приведени повеќе млади лица по нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка
-

Пронајден човечки леш во околина на јавната здравствена установа во Бардовци
-

Сем Алтман и Дарио Амодеј повикани на сослушување за вештачката интелигенција во австралискиот Сенат
