Десет најдобри матуранти од Делчево на наградно патување низ Европа
Десетте најдобри матуранти од Делчево ќе добијат 14-дневно наградно патување низ Европа, за што Општина Делчево издвоила 300 илјади денари.
Како што истакна денеска на прес-конференција Сузана Петровска, раководител на Одделението за правни работи и јавни дејности, тендерот за избор на најповолна понуда е завршен, а матурантите ќе патуваат на 19 јули.
- Веќе шест години Општина Делчево ги наградува најдобрите 10 ученици од завршната година на школувањето од СОУ „Методија Митевски Брицо“ во Делчево. Оваа година наградени се учениците: Андреј Ивановски-првенец на генерацијата 2017, Јован Цонев, Наталија Стојанова, Мери Мицевска, Моника Цоневска, Сандра Стоиловска, Тамара Стаменовска, Бојана Манасиева, Елена Мијалковска и Мартина Георгиева. Наградата се состои од 14-дневно патување низ Европа на релација: Скопје-Венеција-Верона-Лорет Де Мар- Ница- Монако-Скопје., истана Петровска.
Најдобрите матуранти се избрани од комисија која го зема предвид целокупниот успех на учениците и наградите од државни натпревари.
Покрај оваа награда, Општина Делчево секоја година доделува и стипендии за првенците на генерацијата од средното општинско училиште и од двете основни училишта.
- Трите стипендии за првенците од трите училишта во градот се во месечен износ од 2.000 денари. Наградите се доделуваат со цел да се стимулираат учениците за постигнување поголеми успеси во школувањето и да се поттикнат за понатамошното школување да го изберат нашето средно училиште, бидејќи години наназад се соочуваме со помал број запишани ученици, истакна Петровска.
Општина Делчево, исто така, доделува стипендии и за одлични ученици и за ученици од социјално загрозени семејства за сите училишта во градот, а за таа намена годишно од буџетот издвојува околу 400 илјади денари.
Ново на Сител
-
30 години дипломатски односи со САД
-
АВМУ не додели платена реклама за Левица и ЗНАМ, Апасиев со претставка до Уставен
-
ДИК го затвори избирачкиот список – 1 832 415 избирачи имаат право на глас
-
Доставени уште 5 досиеја на кардиолошки пациенти да се испитаат дали интервенциите биле направени без потреба
-
Регионална школа за срцева слабост
-
Околу 170 бубрежно болни чекаат трансплантација
-
Муцунски: Вештачката интелигенција да се користи за зацврстување на мирот и стабилноста
-
Левица поднесува иницијатива пред Уставен и кривични за членовите на АМВУ и ДИК