-->
-->
Десет мртви во пожар во станбена зграда во Кина
-->
Десет лица загинаа, а девет се повредени во пожар во станбена зграда во Урумчи, главниот град на западниот кинески регион Синџијанг, јави државната телевизија CTV.
Според телевизијата, причина за пожарот што избувна вчера на 15-ти кат од зградата, е неисправен електричен разводник.
Британските медиуми пренесуваат дека деветмина повредени се задржани во болница поради труење со чад, но нивните животи се надвор од животна опасност.
Ова е втор смртоносен пожар во Кина во изминатите неколку дена, откако во пожар во фабрика во централниот кинески град Ањанг загинаа 38 лица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Подметнат пожар во сервис за возила во Пинтија
-
Мицкоски: МВР засилено работи на откривање на подметнувачите на пожарите
-
Тошкоски: За една недела се палат сите отпади и депонии околу Скопје
-
СДСМ: На Мицкоски не може да му се верува
-
Безбедноста на посетителите приоритет за претстојната „Штипска пастрмалијада“
-
Не запира рибокрадството
-
Преглед на вестите од светот
-
300 пати над дозволеното присуство на јаглерод моноксид