Десет милиони евра хуманитарна помош од ЕУ за Рохинџите

Европската Комисија денеска одобри дополнителни десет милиони евра хуманитарна помош за заедницата на Рохинџите во Мјанмар и Бангладеш.
Претходно, Комисијата ослободи 33 милиони евра за помош на внатрешно раселените лица и бегалците Рохинџи.
Овие десет милиони ќе бидат фокусирани на обезбедување квалитетна здравствена помош за над еден милиони бегалци Рохинџи во Бангладеш откако нивните услови на живеење дополнителни се влошија во последните месеци. Помошта ќе оди и за храна и заштита на Рохинџите во Мјанмар каде се зголемува насилството.
-Поддршката на ЕУ помогна да се спасат безброј животи во последните две години откако започна кризата, и не смее да сопре сега кога стотици илјади Рохинџи сметаат на хуманитарната помош за да преживеат, изјави преку соопштение еврокомесарот за управување со кризи, Јанез Ленарчич.
Со оваа дополнителна помош, „ЕУ докажува дека останува посветена“ да им помогне на Рохинџите и ветува дека ќе продолжи да им помага на бегалците и на заедниците кои ги примаат бегалците како и ранливите Рохинџи останати во Мјанмар, додаде комесарот.
Од 2017, ЕУ обезбедила над 140 милиони евра за помош на Рохинџите во Мјанмар и Бангладеш.
Ново на Сител
-

Бензините поевтинуваат, дизелот ќе се точи по стара цена
-

Филипче на терен ќе убедува за ЕУ, обвини дека Мицкоски не’ носи во изолација
-

Села не се откажува од Алијанса, очекува Апелација да му ги врати печатите на партијата
-

Пациенти со ретка болест останале без терапија - од здравство тврдат дека има лекови
-

Преглед на вестите од светот
-

Убиство во Росоман, син си ја заклал мајката со нож
-

Стојанче призна вина дека ја тепал, но не и дека ја навел Ивана да се самоубие
-

Советот на Јавни обвинители ја отфрли претставката на Ленче Ристовска против премиерот Мицкоски
