Десет локални организации на лица со попреченост ќе добијат грантови од ЕУ
Здружението на лица со попреченост „Полио Плус“, во рамки на проектот „Маргина Обскура", додели сертификати за грантови на десет граѓански организации на лица со попреченост од повеќе градови низ Македонија.
Конкурсот беше објавен на 21 март годинава. Проектот е реализиран во соработка со македонската организација Цивика мобилитас, Агенцијата за соработка, едукација и развој од БиХ (АЦЕД), а е поддржан од Европската Унија.
- Нашата цел е да ја зајакнеме улогата на организациите на лица со хендикеп, за тие да можат поактивно и поефективно да се вклучат во градењето на еднакво општество за сите, истакна претседателот на Полио Плус, Звонко Шаврески.
На дискусијата, покрај претставничката на ЕУ, Вирве Випари, учествуваа и претставници од македонското Министерство за труд и социјална политика и од Македонскиот центар за меѓународна соработка.
Душан Томшиќ - посебен советник во МТСП, нагласи дека унапредувањето на правата на лицата со попреченост, е висок приоритет за Владата, како и спроведувањето на меѓународната Конвенција за правата на лицата со попреченост, чијшто потписник е и Република Македонија.
- Оваа платформа е основа за една посилна поврзаност на здруженијата на лица со попреченост на локално, но и национално ниво... Како и за поврзување со сродните организации во целиот регион, истакна претседателот на АЦЕД, Душко Вучиќ.
Во хотелот „Порта“ во Скопје два дена се спроведува програмата на Полио Плус, со предавања за правата на лицата со попреченост.
Ново на Сител
-
Клековски: Згрижени над 140 повредени во дискотеката во Кочани, 44 се пренесени во болници во странство
-
ЈО: Во тек се рочишта за определување притвори за случајот со пожарот во Кочани
-
Седумдневна жалост за жртвите од трагичната несреќа во Кочани
-
Ребека: Да се молиме за Панчо ДНК, на апарати е!
-
„Пирогов“: Сите пациенти од Кочани, освен едно дете, се во тешка состојба
-
Го славел раѓањето на син со пријателите и го загубил животот во пожарот во „Пулс“
-
Додека Македонија тагува, настан за дрифтање со 300 возила кај „Борис Трајковски“ | ВИДЕО
-
Поведена постапка против 11 лица, за осум веќе е поднесен предлог за краткотраен притвор