Десет лица загинаа во поплавите во Италија
Во поплавите што погодија неколку градови во централниот дел на Италија, 10 лица загинаа, а најмалку четири се водат како исчезнати, соопштија властите.
Десетици луѓе мораа да бараат засолниште на покривите или на дрвјата и да чекаат да бидат спасени поради поплавите предизвикани од обилните дождови.
Поројните води ги поплавија гаражите и подрумите и ги урнаа вратите, автомобилите беа носени и фрлани еден врз друг, а некои ниви во близина на морето беа неколку метри под вода.
„Тоа не беше водена бомба, туку цунами“, рече градоначалникот на местото Барбара Рикардо Пасквалини за ненадејниот дожд што го уништи неговиот град во централниот италијански регион Марке, во близина на Јадранското Море.
Околу 1.300 жители на градот останаа без вода за пиење поради поплавите.
Премиерот Марио Драги на прес-конференција во Рим изјави дека во поројните поплави загинале 10 лица, а четворица се водат како исчезнати. Тој им се заблагодари на спасувачите за професионалноста, посветеноста и храброста.
Официјални претставници рекоа дека околу 50 лица побарале третман во болниците поради повреди.
За неколку часа, во таа област падна количина дожд што вообичаено се добива за шест месеци, објави државната телевизија.
Ново на Сител
-
Лишен од слобода криминалец баран со потерница за казна затвор од 20 години
-
АХВ: Вонредни контроли во Крива Паланка, уништена небезбедна храна и изречени казни
-
Лишен од слобода маж од Порој поради кривично дело убиство
-
Без вода жителите од Сопиште и Чаир
-
Лишен од слобода 24 годишник од Кочани за издржување казна затвор од 7 години
-
Приведен бегалец од затвор
-
Тетовец со „тигуан“ шверцувал пиротехнички средства на Јажинце | ФОТО
-
Кражба на струја во Кавадарци