-->
-->
Десет лица загинаа во налетот на тајфун во Јужна Кореја
-->

Десет лица загинаа во тајфунот што го погоди јужниот брег на Јужна Кореја, го соопштија утринава локалните власти новиот биланс на загинати.
Тајфун пропратен со обилни врнежи ја погоди Јужна Кореја на почетокот на неделата. Се верува дека тоа е најсилниот тајфун што ја погодил земјата во последните децении. Повеќе од 4.700 луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови. Тајфунот уништи околу 12.000 куќи и згради.
Речиси 90.000 домови останаа без струја низ целата земја. Иако тајфунот помина, многу домови сè уште се без електрична енергија, соопштија властите. Јужнокорејските власти затворија повеќе од 600 училишта во земјата како мерка на претпазливост пред тајфунот, а локалните авиокомпании откажаа околу 250 домашни летови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Исполнета квотата за вработување во Германија според Западнобалканската регулатива
-

ГП Евзони (Богородица) блокиран за влез и излез
-

Гласот на вековите: Свети Климент Охридски меѓу својот народ
-

Тешко повреден возач во возило кое излетало од патот кај Марена
-

Пожарникарите од Кавадарци спасија куче од водите на реката Луда Мара
-

МВР: Уште една измама со лажна сообраќајка, 82-годишна скопјанка измамена за 170.000 денари
-

Грчките земјоделци ги интензивираат активностите – дополнителни блокади низ целата земја
-

Честитка од претседателот на Социјалистичката партија по повод празникот Св. Климент Охридски
