Десет лица повредени во последниот ракетен напад врз Одеса, руското ПВО соборила 415 украински дронови

Бројот на повредените лица во ракетниот напад што вчера вечерта беше извршен врз Одеса се зголеми на десет, соопшти претседателот на Одеската областна воена администрација, Олег Кипер.
„Меѓу повредените има три жени. Осум лица се хоспитализирани, главно со повреди од шрапнели и исеченици. Лекарите ја оценуваат состојбата на едно од лицата како тешка“, објави Кипер преку својот „Телеграм“ профил.
Во текот на изминатата ноќ, Измаилскиот регион повторно бил нападнат со беспилотни летала, информира оперативниот штаб на Регионалната државна администрација.
Од нападот е предизвикана материјална штета врз инфраструктурата, а надлежните служби работат на отстранување на последиците.
Во меѓувреме, Москва соопшти дека руските сили за противвоздушна одбрана во текот на изминатата ноќ пресретнале и уништиле 415 украински беспилотни летала над руски региони, како и над акваториите на Азовското и Црното Море.
„Во периодот од 20:00 часот по московско време на 7 јули до 08:00 часот по московско време на 8 јули, дежурните единици за противвоздушна одбрана пресретнаа и уништија 415 украински беспилотни летала од авионски тип над териториите на Белгородската, Брјанската, Волгоградската, Вологодската, Воронешката, Владимирската, Курската, Липецката, Орловската, Ростовската, Рјазанската, Самарската, Саратовската и Тулската област, како и над Московскиот регион, Краснодарскиот крај, Република Татарстан и над акваториите на Азовското и Црното Море“, се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана.
Според руската армија, беспилотни летала биле соборени и над полуостровот Крим.
МИА
Ново на Сител
-

Подобрена е состојбата на повредениот пациент во Турција кој вчера беше транспортиран на Клинички
-

СДСМ бара одговорност за случајот во Ново Село, ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека „младите“ се насилници
-

„Силно светнал ден“ за 35 години независност
-

Охрид со бројни настани привлекува посетители
-

Преглед на вестите од светот
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
