Десет години од ЦЕФТА: Како до повеќе трговија и помалку бариери?
Над 80 отсто од извозот од земјава лани бил реазлиран во Европската Унија, а само 12 проценти во регионов. 63 отсто од увезените материјали се од западните држави , а 10 проценти од соседите. Овие бројки покажуваат дека трговската соработка во регионот е на ниско ниво и покрај потпишувањето на ЦЕФТА договорот. Освен проблемите кои произлегуваат од одлуките на одредени држави, експертите причината за ваквата сосојба ја лоцираат и кај странските инвеститори, кој најголемиот дел од производите ги пласираат токму на пазарите во Европа, а потребните сурови за производство освен од македонските фирми ги набавуваат од ЕУ.
Државите наместо да ја унапредат соработка, воведуваат забрани за трговија. Неодамна Косово имаше воведено времено ембарго за дестина македонски производи. Србија пак забрани увозот на домати од тука. Македонски транспортери со часови чекаа на македонско- српската граница поради проблеми со фитосанитарните сертификати за пченица. Надлежните потенцираа дека во ЦЕФТА договорите ќе бидат воведени механизми за отстранување на бариерите и поголема трговија на земјите од Западен Балкан.
-

Филип Момировски
Сите содржини од овој новинар
