-->
-->
Десет години „Ден на дрвото - засадија својата иднина“
-->

Под мотото „Од семче до дрвце“ со засадување на семе од ела денеска учениците од основното училиште „Александар Македонски“ заедно со дечињата од градинката „Буба Мара“ клон Сонце го означија почетокот на 19 акција на „Ден на дрвото-засадија својата иднина“.
Оваа година која е јубилејна 10-та за Денот на дрвото, а шеста акција „Садница плус“ се спроведува и кампањата „Од семче до дрвце“ која, според Кристина Николовска од „Ден на дрвото“ е потсетување на досегашниот постигнат успех преку промовирање на еко културата, еко патриотизмот и еко свеста.
- Планот за садење веќе е дистрибуиран до сите надлежни. Сите училишта имаат упатства за тоа како се засадува и притоа визијата на проектот е, децата да се едуцираат, да знаат како се засадува. Денеска тоа тоа ќе го направиме во пракса, а на наша голема радост е да им покажеме како се прави тоа. Упатството е тоа да знаат како да ги одржуваат и негуваат и потоа кога ќе дејде време да ги засадат во дворот на училиштето, истакна Николовска.
Според неа се очекува голема зафатеност од семињата, но, како што рече, доколку се работи според упатството односно доколку правилно се садат семчињата.
Еко акцијата повикува на приклучување на еко училишниот час за мала зелена одделенска шумичка каде секој ученик ќе засади и израсне свое дрвце односно своја ела.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Превирања околу реформите во СДСМ
-

Кривична за вработена како благајник во Јавно претпријатие комунални работи Кавадарци, одзела 568.684 денари од претпријатието
-

Хипер: ЕУ работи на зголемување на притисокот врз Путин
-

Презентирани докази од ПИ мерки на судењето за „Геријатрија“
-

Вреди до Јаневска: Непознавањето на албанскиот јазик не треба да води до фрустрација
-

Дизелот поскапува за еден, а бензините за половина денар
-

Ѓорѓиевски-Николоски: Скопје го развиваме заедно, со работа, посветеност и јасна цел - да изградиме модерен и функционален град
-

Ин мемориам: Почина Проф. д-р Трајан Бендевски
