-->
-->
Дербито Работнички - Силекс ќе го суди Ставрев
-->

Дерби натпреварот од 23.коло во ПМФЛ меѓу Работнички и Силекс ќе го суди Александар Ставрев.
Дуелот на кандидатите за излез на европската сцена, односно тимовите кои се во трката за третата позиција на табелата, ќе се игра на арената Филип Втори во Скопје.
Овој како и останатите натпревари на од 23.коло во ПМФЛ ќе се играат утре, ден порано од вообичаеното, поради настапот на македонската репрезентација во квалифинациите за СП.
Сите средби ќе започнат во терминот од 14 часот, а двојките се:
Работнички - Силекс (Александар Ставрев)
Македонија Ѓ.П. - Вардар (Васко Мавров)
Брегалница - Шкендија (Далибор Ѓорѓевски)
Победа - Шкупи (Димитар Мечкаровски)
Ренова - Пелистер (Марјан Ецкоски)
Табела: Вардар 50 бодови, Шкендија 44, Работнички 36, Пелистер 36, Силекс 31, Ренова 28, Шкупи 21, Победа 19, Македонија ЃП 16 и Брегалница 11.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ЗОИ 2026: Откажан тренингот за женскиот спуст поради обилни снежни врнежи
-

101 казна во јануари за затемнети стакла
-

Зеленски: Во војната со Русија загинаа околу 55.000 украински војници
-

Премиерот Мицкоски денеска на средба со УПОЗ и КСС
-

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција
-

Облачно со повремен дожд
-

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид
