-->
-->
Депај: Ми се допаѓа како игра Барселона, покажуваме напаѓачки фудбал
-->
Напаѓачот на Барселона, Мемфис Депај изрази задоволство од настапот на тимот на натпреварот од 26. коло на Ла Лига со Атлетик (4:0).
– Среќен сум што се враќам на теренот. Работев напорно за повторно да бидам со тимот. Ми се допаѓа како игра Барселона. Покажуваме напаѓачки и комбиниран фудбал, изјави Депај на официјалната веб-страница на каталонскиот клуб.
Дваесет и осумгодишниот Холанѓанец не учествуваше на натпревари од 12 јануари 2021 година поради повреда. На вчерашниот дуел со Атлетик Билбао тој постигна гол.
По 26 кола во Ла Лига, Барселона има 45 бодови и се наоѓа на четвртото место во поредокот, со 15 бода помалку од лидерот Реал Мадрид и со еден натпревар помалку.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Александар Глигоровски од Пробиштип е 61-вата жртва на трагедијата во Кочани
-
Таравари: Немаме понуда од „Влен“ да се споиме во една партија, ако тие сами одлучиле, нека го задржат името „Влен“
-
Макрон: Русија треба да престане да ги одложува тактиките и да прифати примирје со Украина
-
Зеленски: Путин не сака крај на војната
-
61-ва жртва на трагедијата во Кочани
-
Во Дуизбург 17 училишта останаа затворени поради закани од екстремната десница
-
Кина: Американските царини се економска „злоупотреба“
-
Телото на Карадакоски донесено во Македонија, утре ќе биде погребан во Кочани