-->
-->
Денвер се подготвува за атак на НБА титулата
-->
Претседателот на НБА-франшизата Денвер нагетс, Том Конели, верува дека неговиот тим може да го освои шампионскиот прстен оваа сезона. НБА-лигата ќе продолжи по пандемијата на коронавирусот, а се шпекулира со 31 јули како како можен датум кога играчите ќе се вратат на терените.
Франшизата на Колорадо има големи амбиции во случај сезоната да продолжи.
„Нашите момци се подготвени да направат големи работи во плеј-офот. Навистина мислиме дека можеме оваа година да ја освоиме титулата“, рекол Конели.
Во моментот кога беше прекината сезоната, Денвер беше трет на Западот со 43 победи и 22 порази.
Минатата сезона Денвер нагетс испадна во конференциското полуфинале од Портланд трејлблејзерс.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кремљ: Путин прифати средба со Трамп
-
Казнети 46 возачи на електрични тротинети
-
Уапсени двајца возачи, возеле со по 1,93 и 1,59 промили алкохол во крвта и предизвикале сообраќајни незгоди
-
Лишени од слобода две лица во скопско Рашче, пукале на свадба
-
Билки штетни за во спалната соба
-
Зидан ќе ја предводи Франција по СП 2026
-
Четвртфинале за младиот македонски тенисер Алексовски
-
Македонија домаќин на Светско училишно првенство во ракомет 2026