Денвер е првиот американски град кој ја легализирал марихуаната на јавни места
Денвер е првиот американски град каде е дозволена употреба на марихуана во барови и ресторани и на други јавни места, како уметнички галерии и студија за јога.
Клиентите имаат право да пушат „трева“ и објектите ќе треба да добијат согласност од соседите.
Жителите на Денвер ја одобрија мерката на референдум. Требаше цела недела да се објават резултатите кои беа многу блиску и приврзаниците на кампањата да прогласат победа, јавуваат американски медиуми.
Новото правило стапува во сила веднаш. Клиентите нама да имаат сепак право да пушат „трева“ во објектите туку најверојатно на посебни места со ограничен пристап. Ќе мора и марихуаната да ја носат сами бидејќи ресторани и барови нема да може да продаваат истовремено храна и пијалци и лесниот наркотик од друга страна.
Ново на Сител
-
Израел им забрани на граѓаните да ја напуштат земјата со авион
-
За упис на средношколци во дуалното образование 269 дуални паралелки и 6.725 слободни места
-
Исклучен Термоблок 2 во РЕК Битола поради заштитна рекција, поведена е истрага
-
Полицијата ќе врши вежбовно гаѓање со боева муниција на стрелиштето во Охрид
-
Русија: Северна Кореја испраќа 6.000 војници за обнова на Курск
-
Состанокот на Г7 во Кананаскис, заврши со мислење дека Иран не може да се здобие со нуклеарно оружје, но со несогласувања околу декларацијата за Украина
-
Евакуирана првата група македонски државјани од Израел
-
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува со завршни зборови на одбраната