Деновиве ќе биде испратено барањето за екстрадиција на Грујевски и Бошкоски
Министерот за правада Билен Саљији денеска изјави дека деновиве официјално ќе биде потпишано и доставено барањето за екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошкоски од Грција во Македонија.
Саљији кој присуствуваше на презентацијата на извештајот за соработката со француската Национална академија за правосудство, потврди дека Кривичниот суд на 1 ноември ја комплетирал потребната документација за екстрадиција и ја доставил до Министерството за правда на понатамошно постапување.
Грујевски и Бошкоски, како што претходно објави МИА, се во екстрадициски притвор во Солун. Тие два пати беа изведени пред Судот во Солун поради поседување лажни патни исправи, но судењето беше одложено за 1 декември поради немање преведувач од грчки на македонски јазик.
Грујевски и Бошкоски се обвинети од Специјалното јавно обвинителство за нелегално прислушување и за уништување на системите за прислушување, случаи познати како „Тврдина“, „Таргет“ и „Тврдина 2“.
Двајцата беа уаспени од грчката полиција на аеродромот во Солун на 18 октомври, при обид со лажни бугарски пасоши да заминат со авион за Будимпешта.
Ново на Сител
-
Јавна осуда од Комората на психолози за нападот и навредите на социјалните мрежи
-
Претрес во скопско, пронајдени гранки и стебла од канабис, приведен 50-годишник | ФОТО
-
Приведени тројца возачи во Куманово, управувале возило под дејство на алкохол
-
Малолетник од Гостивар приведен на патот Ресен–Охрид со украдено возило
-
Откриена спомен бистата на полицаецот Тоше Тодоровски, кој загина во пожарот во дискотеката „Пулс“
-
НАТО: Руското нарушување на воздушниот простор е опасна ескалација
-
„Киев Индепендент“: Русија и помага на Кина во подготовките за инвазија врз Тајван
-
Неидентификувани дронови надлетувале над најголемата воена база во Данска