-->
-->
„Денови на кочанскиот ориз“ по 25-ти пат
-->
Општина Кочани ја соопшти програмата за годинешната Меѓународна манифестација „Денови на кочанскиот ориз“ која ќе се одржи од 13 до 16 октомври на неколку локации во градот и со богата културно-уметничка програма и презентација на кочанскиот ориз низ специјалитети.
- По 25 пат сме организатори на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ манифестација која стана бренд за Кочани. И годинава иако во само четири дена, програмата ќе биде богата и разновидна. Покрај традиционалните наши гости фолклорни ансамбли од Бугарија, Турција, Украина и Словенија, годинава првпат ја прошируваме соработката со општина Пореч од Република Хрватска. Како гости од оваа општина ќе настапат групата Teddy Lion и Tеатарот на заедницата на Италија во Република Хрватска со преставата „La nostra Parensa“ во режија на Вилма Пулин Сиротиќ, изјави денеска градоначалникот Ратко Димитровски, соопштувајки ја програмата на манифестацијата.
Во рамки на „Деновите на кочанскиот ориз“ ќе се одржи и меѓународна ликовна колонија „Св.Пантелејмон“,како и фолклорен концерт со настап на домашни и странски фолклорни групи.Ликовните уметници од Пореч ќе се престават со групна изложба во ликовниот салон на центарот за култура „Бели мугри“, а пред кочанци ќе настапи и групата Љубојна и Џамбо Агушев.
Инаку, традиционалната жетва на ориз со срш и вршидба на оризова арпа на гумно годинава ќе биде демонстрирана на полињата од Институтот за ориз во Кочани, а ќе биде прогласен и најдобриот индивидуален земјоделец во општината за кого општина Кочани обезбеди награда од 80 илјади денари. За посетителите во недела на 16 октомври во градскиот парк ќе биде организирана дегустација на јадења и специјалитети мод ориз и со ориз.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
71-годишен кумановец загина во сообраќајка при судар со товарно возило
-
Кривична пријава против две лица од Велешта кои му се заканувале на пратеник од Струга
-
ЦУК: 15 пожари на отворен простор, девет активни и шест под контрола
-
Од ноќеска нестабилно со пороен дожд и грмежи и услови за краткотрајно невреме, особено во четврток
-
Митевски: Најдоцна до крајот на септември зонско паркирање во Ново Лисиче и Реонски центар
-
Поевтинуваат бензините и дизелот
-
Повторно поставен споменикот на Андон Лазов-Ќосето
-
Изминатиов викенд 1148 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 458 за брзо возење