-->
-->
Денови на Хиландар во Скопје
-->

Со предавање на архимандритот Методије и со изложба на фотографии од монахот Милутин Хиландарец, утревечер во Кинотека на Македонија ќе почнат Деновите на Хиландар во Скопје, во организација на Српскиот културно-информативен центар „Спона“.
Игуманот на светогорскиот манастир Хиландар, архимандрит Методије, ќе одржи предавање ма тема „Духовните искуства на Света Гора“.
Ќе биде отворена и изложбата „Светлописи“ на монахот Милитун кој во Хиландар го извршува послушанието манастирски фотограф.
Од „Спона“ соопштија дека за време на престојот во Скопје, отец Методије во нивните нови простории ќе разговара со членовите, активистите и соработниците на Центарот и ќе посети некои од средновековните православни храмови на поранешниот метох на Хиландар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски
-

Се помалку надеж за мир
-

Пожар во поранешен „Декортекс“, изгореа машини и магацин
-

Може ли иницијативата на Мерц да го придвижи процесот на проширување на ЕУ?
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица кои го негираат македонскиот идентитет
-

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата
-

Семејно насилство: Статистиката расте, но се буди и свеста за пријавување
-

Судството со 300 наместо потребните 456 судии, недостасува и администрација
