Денот на независноста одбележан во Струмица
Пред споменикот на револуционерот Гоце Делчев на градскиот плоштад во Струмица се одржа централната манифестација по повод Денот на независноста.
- Осми септември е еден од најзначајните датуми од историјата на Македонија, датум кој го сонувале многу генерации Македонци низ децениите и вековите наназад, истакна во свечената реч, вршителот на должност градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов.
За нив тоа, додаде, било недосонуван сон, бидејќи ѕидот меѓу сонот и јавето на Македонецот, многу пати го ѕидале туѓи поробувачи и асимилатори. - Склопувањето на коцките од историјата, стремежот кон самобитноста и љубовта кон татковината го создадоа тој ден, а ние сегашните генерации Македонци ја имавме таа среќа да бидеме сведоци на тој осмосептемвриски светол чин на осамостојување, но и да бидеме славеници на 26-годишнината од исполнувањето на желбата, да бидеме свои на своето, рече Костадинов.
Според него, свртувајќи поглед низ ова 26-годишно постоење, како што рече, ќе ги видиме резултатите на нашето предолго транзициско опстојување, резултатите од подемите и падовите на внатрешен, политички, економски и надворешен план.
- Ќе го видиме се уште нерешениот наметнат спор за името, кој ни ја кочи евро-атлантската иднина на државата, но ќе ги видиме и резултатите од нашата хронична болка за која никако не успеваме да најдеме лек, а тоа е поделбата меѓу луѓето, поделба која е клучен фактор за нашиот синдром на самоуништување, додаде Костадинов.
Со едно минутно молчење присутните им оддадоа почит на првиот претседател на самостојна Македонија, Киро Глигоров, на првиот премиер на владата на РМ, Никола Кљусев и на сите починати кои дале свој придонес во осамостојување на Македонија како и на сите оние кои низ историјата ги положиле своите животи за денешниот слободарски миг во кој ја славиме самобитноста на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Путин: Подготвен сум да се сретнам со Зеленски
-
Од 2026 три нови дестинации, до Неапол, Вроцлав и Милано, а се враќаат Будимпешта и Катовице
-
Запленети околу 35 килограми марихуана на патот Битола- Прилеп | ВИДЕО
-
Паркови и зеленило со предупредување: Не паркирајте под дрвја, најавено е невреме
-
МНР на БиХ денеска му го поништи дипломатскиот пасош на Додик
-
Пожар во барака на ЦУК во Куманово
-
Кривична за 18-годишен скопјанец осомничен за „убиство во обид“
-
Тошковски: Граѓаните заслужуваат полиција која ќе се грижи за нивната безбедност и благосостојба, ослободена од политички и други влијанија