Денот на македонската самостојност одбележан во Брисел

Со присуство на повеќе од 200 гости, меѓу кои и лица од политичкиот врв на Европската унија, синоќа во замокот „Света Ана“ во Брисел беше одржана прослава на 25-годишнината од самостојноста на Република Македонија.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, во организација на македонската амбасада при Кралството Белгија и на македонските мисии при Европската унија и НАТО, со звуците на традиционалната македонска песна и со македонски специјалитети и вина, европската престолнина уживаше во прославата на четврт век македонска самостојност.

Амбасадорите Лазар Еленовски, Андреј Лепавцов и Зоран Дабиќ, кои беа домаќини на оваа свеченост, во својот говор до присутните ја истакнаа важноста од тесните врски на Македонија со западниот свет и пред се евро-атлантската интеграција како врвен државен приоритет. Тие порачаа дека со завршување на политичката криза во Македонија, која е на повидок, дека сега останува на ЕУ и НАТО да го завршат својот дел од обврската со интеграција на македонската држава.
Инаку, на синоќешниот прием по повод Денот на независноста на Република Македонија, покрај европратеници, претставници на Европската комисија, Европскиот совет и амбасадори на пријателски држави, присуствуваше и новиот амбасадор на Европската унија во Скопје, Самуел Жбогар.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Дваесетина пожари во земјава, пожарот на Китка се уште гори
-

Има сериозни индиции дека најголем број од пожарите се подметнати
-

Лани двајца со западно-нилска треска, годинава досега 50 потврдени и 5 починати
-

Кога “договорците” во здравството ќе добијат решенија за работа?
-

Почна втората фаза на изгрaдбата на автопатот Скопје – Блаце
-

Реакции за изградбата на дата центри во Македонија
-

Министерот Сали позитивно гледа на изјавата на еврокомесарката Кос за проширувањето
