Дени Перов најбрз и најдобар келнер

Дени Перов од Струмица е најдобар и најбрз келнер на Трката што синоќа се одржа на Плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица во рамките на отворањето на годинашново издание на Струмица опен фестивал.
Наградата од 12 илјади денари за освоеното прво место му ја врачи градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.
Перов и лани беше најдобар на Трката на келнерите.
- Драго ми е што ја освојувам наградата по втор пат. Да се победи на трката треба да си брз и стабилен, а другото е среќа, изјави победникот Дени Перов.
Второто место го освои Горан Митев од Струмица, а третопласиран е Игор Стефановиќ од Гевгелија.
Трката на келнери е деветта по ред, а од тоа седум пати се одржува во рамките на Струмица опен фестивал.
Во трката учествуваа 20 келнери од Струмица, Гевгелија и Радовиш, а имаше и две девојки кои рамноправно се натпреваруваа со своите колеги.
Ново на Сител
-

Тема на денот со г. Георгиј, митрополит Дебарско-кичевски
-

Гориво со попуст за граѓаните се извезувало во странство?!
-

Грција привремено го суспендираше системот ЕЕС
-

Уште 3.000 граѓани заминале за Грција
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања кој ја блокира ЕУ агендата
-

СДСМ бара истрага за унгарскиот кредит
-

Нападот врз синагогата во Скопје бил внимателно планиран
-

Лекари од Македонија кои работат во странство преку телемедицина ќе лекуваат пациенти во земјава
