Денеска средба Шолц - Мицотакис
Енергетиката, миграцијата, климатската криза, економијата, како и ситуацијата во Источниот Медитеран, Западен Балкан и во Украина, се очекува да бидат темите за кои денеска ќе разговараат грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и германскиот канцелар Олаф Шолц, јави дописничката на МИА од Атина.
Мицотакис од вчера е во работна посета на Берлин каде се сретна со лидерот на опозициската ЦДУ Фридрих Мерц со кој учествуваше и на дискусија организирана од Фондацијата Конрад Аденауер.
Портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на вчерашниот редовен брифинг со новинарите рече дека на агендата разговори на Мицотакис и Шолц ќе бидат сите актуелни прашања, а посетата на Берлин е во период кога „грчката економија го врати инвестицискиот степен и на тој начин премина во нова ера“, а во исто време забележа „најголемо намалување на долгот во светот во 2022 година пропорционално на БДП“.
– Високо на агендата разговори ќе бидат прашањата за енергетиката, миграцијата и климатската криза.
Веќе во рамките на преговорите за Повеќегодишната финансиска рамка на Европската унија, Грција бара повеќе ресурси за справување со овие прашања.
Исто така ќе се разговара и за регионалните и меѓународните случувања со акцент на состојбите на Блискиот Исток и Источниот Медитеран, Западен Балкан, како и за најновите случувања во Украина, рече Маринакис.
Ново на Сител
-

Фриленсери и хонорарци кои работеле во странство ќе треба да платат данок за 2021
-

И Охрид меѓу градовите со загаден воздух
-

Прилеп е избран за регионален лидер во Западен Балкан за селекцијата на отпад
-

Тема на денот со Димитар Димески, историчар
-

Преглед на вестите од светот
-

Од историското наследство до денешните предизвици одбележан 23 Октомври
-

Доделена државната награда „23 Октомври“
-

Цените на енергенсите растат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања
