Македонија
3. March 2017 - 8:05

Денеска сончево и топло време

Времето во Македонија ќе биде сончево со слаб ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус три до три, а дневната од 13 до 19 степени.

Во Скопје сончево со слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе се искачи до 18 степени.

И за време на викендот времето ќе биде претежно сончево и топло со пораст на дневната температура.

Од понеделник под влијание на серија влажни воздушни бранови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.