Свет
25. January 2018 - 22:43

Денеска сме на минута од апокалипса: Светот го чека објаснувањето на експертите за часовникот за Судниот ден

Стрелката на Судбоносниот часовник, кој група американски научници и истражувачи го користат за да ја претстават опасноста од нуклеарна катастрофа, денеска беше приближена на две минути до полноќ.

Последен пат кога стрелката била поставена на ова ниво во 1953 година, во период кога Советскиот Сојуз и САД тестираа хидрогенски бомби.

Според Рејчел Бронсон, од Билтенот на нуклеарни научници, стрелката е приближена до 12 часот, што означува зголемена опасност од нуклеарна војна, поради непредвидливоста на американскиот претседател Доналд Трамп, нуклеарните проби на Северна Кореја, тензиите меѓу Кина, Пакистан и Индија.

Најниското ниво на опасност од нуклеарна војна научниците прогласија во 1991 година, по крајот на Студената војна, кога стрелките на Судбоносниот часовник ги вратија на 17 минути до полноќ.