Денеска шест лица даруваа крвна плазма

Вкупно 52 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти со КОВИД-19 се обезбедени досега, а само во текот на денешниот ден шест лица даруваа крвна плазма, од кои четири од Штип и две од Прилеп, информираат од Институтот за трансфузиона медицина.
Според, директорот на Институтот за трансфузиона медицина Седула Усеини, даруваната плазма е дел на крвта кој брзо се надокнадува, а содржи антитела кои може да се користат во сузбивање на болеста кај друго лице со Ковид-19.
– Меѓу овие 52 единици конвалесцентна плазма, донирани се девет единици крв преку плазмофереза, која се изведува со високо софистициран клеточен сепаратор, при што се издвојува потребната количина плазма, а останатите компонетни се враќат на донорот, додека даруваната плазма е дел на крвта кој брзо се надокнадува. Останатите единици се дарувани од лица преку стандардно крводарување. Сакам уште еднаш да изразам огромна благодарност кон хуманите дарители кои секојдневно се пријавуваат преку електронскиот формулар на веб-страницата на Институтот, со јавување во нашите служби, како и преку социјалните мрежи, се со цел да спасат нечиј живот, порачува Усеини, се вели во соопштението од Министерство за здравство.
За потсетување, дарител може да биде секое лице излекувано од коронавирус кое ги исполнува условите за дарување плазма наведени во протоколот. Лицето треба да има документиран лабораториски доказ дека било болно од Ковид-19, да има два негативни теста во рок од 24 часа, да биде минимум 21 ден без симптоми, по што се прави дополнителен тест (трет) за да се потврди дека нема присуство на вирус.
Конвалесцентната плазма содржи антитела против овој вирус создадени од човечкиот организам за сузбивање на болеста. Тие создадени антитела се присутни во плазмата и истите со дарување на конвалесцентна плазма може да се користат во сузбивање на болеста во друго лице со ковид-19.
Сите граѓани кои сакаат и можат да бидат донор може да се пријават со пополнување на Формулар за донор на Ковид-19 ковалесцентна плазма.
Ново на Сител
-

Зеленски: Разговори со Трамп за распоредување на американски трупи во Украина, одлуката е на САД
-

Турција годинава ја погодија 53.262 земјотреси
-

Ѓорѓиевски на ФБ: Време е повторно да покажеме дека Скопје знае да слави, создадовме програма што ги поврзува сите генерации
-

Сали на Фејсбук: На денешната седница на Владата бев именуван за прв заменик-претседател на Владата
-

ФФМ ќе ја проверува постапката за издавање тренерски лиценци
-

Рама: Албанија ќе произведува оклопни возила и борбени беспилотни летала
-

Вучиќ: Во 2026 година имаме две цели - мир и најдобра година во економијата
-

Апел од лекарите да не се користат пиротехнички средства
