Денеска се слави светителката која беше мачена поради верата во Христа
Денеска е Св. маченичка Пелагија
Свети Пелагија потекнуваше од градот Тарс, од видни и богати незнабожечки родители. Како млада слушна за Христос, па поверува во него. Во тоа време Диоклецијан вршеше безмилосен прогон на христијаните. Кога поминуваше низ Тарс, се случи син му да се вљуби во младата Пелагија и сакаше да ја земе за жена. Не сакајќи да се согласи на тоа, Пелагија беше принудена да побегне. Во бегство се сретна со еден епископ по име Клинон, кој ја поучи во верата и ја крсти. После тоа Пелагија се врати дома. А кога царскиот син дозна за нејзиното крштевање и откако ја загуби секоја надеж да ја земе за жена, се прободе со меч. Тогаш, мајка и на Пелагија самата ја предаде на суд пред царот. Света Пелагија беше осудена како христијанка и фрлена во внатрешноста на вжештен метален вол. Пострада во 287 година. Во осмиот век на тоа место беше подигната црква во спомен на оваа светителка.
Преподобен Никифор
Прво беше католик, а после премина во Православие. Се подвизуваше како монах на Света Гора заедно со мудриот Теолипт. Му беше учител на славниот светител Григориј Палама. Напиша едно дело за умствената молитва. Се престави кај Господ во 14 век. Преподобен Никифор учеше: „Собери го својот ум и принуди го да влезе во срцето и таму да остане. Кога твојот ум ќе се утврди во срцето, не треба да стои празен, туку постојано да ја твори молитвата: „Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме! “ И никогаш да не замолкне. Преку ова во тебе ќе се всели целата низа добродетели: љубовта, радоста, мирот и останатото, па секоја твоја прозба пред Бога ќе биде исполнета.“
Светиот свештеномаченик Силуан, епископ Гаски
Најнапред беше во војничка служба, но подоцна, гонет од силата на својата вера, премина на духовната. Обвинет дека ги обраќа незнабожците во христијанската вера, најпрво беше луто мачен, а потоа заклан со четириесетмина други војници. Станаа небесни граѓани во 311 година.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-
МВ: ВМРО-ДПМНЕ 51,7% - СДСМ 10,9%
-
СДСМ вели дека Владата е раскарана, ВМРО-ДПМНЕ одговори дека е стабилна и функционална
-
Андоновски за првата антикорупционерка: Треба да си даде оставка
-
Обвинителството обезбедува докази од вчерашната престрелка на Бит пазар – власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања
-
Манасиевски: Од левичари и глумење скромност до деловни објекти во центарот на Скопје
-
Правда мора да има - протест за загинатите во дискотеката „Пулс“ во Кочани
-
Помалку шетање по шалтерите во основните судови – и онлајн може да си извадите документ дека сте неосудуван