Денеска се слави светецот кој ја прорекуваше иднината

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 3 декември.
Денеска е Св. пророк Софониј.
Старозаветен пророк. Родум од гората Саварат, од племето Симеоново. Живееше и пророкуваше во 7 век пред Христа, за време на благочестивиот цар Јосија. Современик на Пророкот Еремија. Имајќи голема смерност и чист ум воздигнат кон Бога, се удостои со проѕирање во иднината. Го прорече денот на гневот Божји; казната над Газа, Аскалон, Азот, Акарон, Нинивија, Ерусалим, Египет. Ерусалим го виде како „град одметнички, осквернет, насилнички, во кого кнезовите се лавови што рикаат; судиите му се волци вечерни; пророците - фалбаџии, измамници; свештениците ја сквернат светоста, го изопачуваат законот“ (гл. 3). Кога го проѕре времето на доаѓањето на Месијата, восхитено воскликна: „Пеј ќерко Сионска; ликувај Израиле; радувај се и весели се со сето срце, ќерко ерусалимска!“ Овој тајновидец се упокои во местото на своето раѓање, за да го чека општото воскресение и наградата од Бога.
Ново на Сител
-

Растот на платите за 40% до 2028 за административците прифатлив за 95% од синдикалците од УПОЗ
-

Нема да се прави ребаланс на буџетот за минималец од 600 евра
-

Мицкоски ги укинува партиските потпретседатели, Извршниот комитет ќе е поголем
-

ДУИ против укинувањето на Пржинската влада
-

Нов закон за високо образование - квалитет во студирањето и повеќе мака за стекнување докторска титула
-

Преглед на вестите од светот
-

Новите предлог закони за високо образование и за квалитетот на високото образование
-

Недостигаат современи луксузни хотели
