Денеска се слави светецот кој беше обезглавен и фрлен во морето
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 26 април.
Денеска е Св. свештеномаченик Василиј Амасиски.
Василиј, епископот на град Амасија, пострада како жртва на повампиреното паганство заради личните страсти на Ликиниј, кој царуваше со поделената Римска империја во почетокот на четвртиот век заедно со светиот цар Константин Велики. Ликиниј, кој лицемерно дури и ја прими христијанската вера, беше оженет за сестрата на Константин. Но, се запали со страст кон некоја прислужничка на дворот, по име Глафира, христијанка, која мораше да избега од главниот град за да се спаси од страста на царот. Отиде во Амасија, а таму ја прибра локалниот епископ Василиј. Во тоа време во Амасија се градеше првата црква и во таа прилика Глафира и напиша писмо на својата заштитничка, царицата Констанца, молејќи ја да ја помогне изградбата. Оваа одговори со писмо, кое падна во рацете на мажот и Ликиниј. Кога Ликиниј дозна за местото каде се беше прибрала Глафира, по логиката на својата паганска природа се разгневи и испрати луѓе да ја доведат во престолнината, заедно со епископот. Во меѓувреме Глафира се упокои, а во Никомидија беше доведен само Василиј. Царот го изведе на суд зашто ја прикривал Глафира и заради својот лажен мотив го осуди свети Василиј на маки, а потоа и на смрт. Тој беше обезглавен и фрлен во морето.
Ново на Сител
-
Трамп до Зеленски: Ризикувате да започнете Трета светска војна
-
Тошковски: Затворот Скопје функционирал повеќе како туристичко-угостителско правно лице, отколку како затвор
-
Трамп го прогласува англискиот за службен јазик во САД
-
Физички нападнат 23-годишник од Илинден пред ноќен клуб
-
Татко и син физички се пресметале со сосед во скопски Аеродром
-
На сила си го зел возилото што му било подигнато од шлеп-служба: Кривична против стружанец
-
Наставничка во основно училиште во Шуто Оризари нападната од родителите на ученичка
-
Поскапува парното за 2.500 корисници на ЕСМ Енергетика и Скопје Север