Денеска се слави Св. Великомаченик Димитриј - Митровден
Православните верници го одбележуваат празник Митровден, во чест на Свети Димитриј, роден во Солун, во третиот век. Беше син единец на солунскиот војвода. По смртта на татко му, цезарот Максимијан го постави Димитриј на истото место и посебно му препорача да ги гони христијаните. Меѓутоа, Димитриј не само што не ги гонеше, туку и јавно ја исповедаше и проповедаше верата во воскреснатиот Христос.
Штом слушна за тоа, цезарот, враќајќи се од еден поход, сврати во Солун, за да ја испита работата. Го повика Димитриј, кој не ја одрекуваше својата вера и дури и го убедуваше цезарот во бесмисленоста на идолопоклонството. Максимијан се разгневи и го фрли Димитриј во затвор, а по неколку дена и го погуби. Некои христијани го земаа неговото тело и чесно го погребаа. На тоа место подоцна беше подигната црквичка, а после и голема црква, која до ден денес се наоѓа во Солун. Таму се сместени и неговите мироточиви мошти.
Ново на Сител
-
Приведен 45-годишник од Дебар, управувал возило под дејство на алкохол и бил пронајден пиштол
-
Кривична против вработен во ЈП „Национални шуми“, го оштетил претпријатието за повеќе од 500.000 денари
-
БиХ: МНР бара од Додик да го врати дипломатскиот пасош
-
Спречен обид за криумчарење 4.577 парчиња небезбедни лекови на ГП „Богородица“
-
Полска: Експлозија на неидентификуван објект во близина на границата со Украина
-
Над 11.500 пријави за неправилности на грчките плажи преку апликацијата „MyCoast“
-
„Јасен“ се уште гори, се работи на нов противпожарен појас за локализирање на пожарот
-
САД го прошируваат списокот на производи од челик и алуминиум со високи царини, автоиндустријата реагира