Денеска се слави големиот светец кој беше измачуван до смрт
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 24 aприл.
Денеска е Св. Сава Стратилат.
По потекло бил Гот. Живеел во третиот век и бил војсководец во Римската војска за време на императорот Аврелијан. Христијанството го примил додека служел во војска. Местото на кое се наоѓал му давало можност да ги посетува и помага христијаните кои во тие векови биле масовно затворани по затворите. Кога дознал за неговото дејствување императорот го извел на суд. Свети Сава ја исповедал верата пред царот, ги симнал воените ознаки и во срцето се подготвувал за измачувањето.
По најразлични маки, тој бил удавен во една река. Додека траеле измачувањата, гледајќи го сведоштвото на Сава, во Христа поверувале 70 војници кои по наредба на императорот веднаш биле осудени на смрт.
Ново на Сител
-
Има ли Македонија функционален систем за социјално-ранливите семејства?
-
Тема на денот со Синиша Пекевски
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ
-
Надзорот за смртта на 9-годишното дете е во тек - Политичките партии со меѓусебни обвинувања
-
Дел од маркетите ги замрзнаа цените на дел од основните производи во следните шест месеци
-
Синдикатот на УПОЗ бара средба со Владата