Денеска се празнуваат светите маченици кои беа погубени поради вербаа во Христа

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 2 ноември.
Денеска е Св. маченици Акиндин, Пигасиј, Анемподист, Афтониј, Елпифидор и други.
Сите овие пострадаа во Персија, за време на гонењето од страна на богоборниот цар Сапор, во четвртиот век. Прво Сапор дозна дека Акиндин, Пигасиј и Анемподист, кои беа слуги на неговиот двор, се христијани и ги стави на маки. Додека ги мачеше, се пројави Божјата сила врз овие тројца, зашто во сите измачувања остануваа неповредени. Чудото го потресе Афтониј, еден од џелатите, па поверува во Христа, за што беше погубен. Еден дворски великодостојник Елпифидор, инаку таен христијанин, го прекори царот што измачува невини луѓе, па и тој беше погубен, заедно со уште 7000 други христијани. Најпосле, џелатите ги убија и светите Акиндин, Пигасиј и Анемподист и уште некои војници, а и мајката на царот, зашто и тие веруваа во воскреснатиот Христос.
Ново на Сител
-

Ниту еден македонски универзитет меѓу најдобрите 2.000 во светот
-

За првпат во Македонија ќе се полага три вида матура
-

Македонците одбиваат пари за да го променат политичкото убедување покажуваат европските истражувања
-

Преглед на вестите од светот
-

Муцунски: Не сум оптимист по последната средба
-

Инклузија на младите во политиката
-

Во струмичкиот затвор осудени лица добиваат можност да го завршат средното образование
-

Преглед на вестите од светот
