Денеска православните Христијани го слават Свети Ѓорѓи
Православните верници денес го празнуваат посен свети Ѓорѓија.Овој ден, освен како семејна слава, се празнува и како именден и како слава на цели села и градови.
Свети Великомаченик Георгиј Победоносец ( во народот познат како Свети Ѓорѓија) живеел и пострадал за време на безбожниот римски цар и идолопоклоник Диоклецијан (284 – 305 година), во чие време се вршело прогонство и убивање на христијаните. Свети Георгиј, син на набожни родители и добар Христов војник завршил воена школа и бил на служба кај овој цар.
Во својата 20-та година го добил чинот трибун, воен старешина и царски пратеник. Знаејќи дека заради верата во Христа набргу ќе настрада, по смртта на својата мајка го раздал имотот на сиромашни, а робовите ги ослободил. Тој не можел да ја поднесе неправдата. Храбро застанал пред царот, кнезовите и сенаторите и изјавил: "Слуга сум на Христос, мојот Бог... До кога ќе ги гоните и мачите тие невини луѓе и ќе ги принудувате на вашето безумно безбожје. Идолите ваши не се богови, не се! Христос е единствениот Бог!".
Царот наредил Св. Георгиј да биде фрлен во затвор и бил изложен на најтешки мачења. Во жестоката борба меѓу доброто и злото – победа му подари, издржа надчовечки мачења и стана Победоносец, за да сведочи пред светот дека љубовта, побожноста и верата се посилни од се. На иконата Св. Ѓорѓија е претставен како војвода на коњ како со копје убива ламја која е под копитата на коњот. Приказот на свети Ѓорѓија како ја убива ламјата е заснован на попууларна легенда во христијанската митологија. според легендата Св. Ѓорѓија ја убил ламјата што на народот му правела голема штета.
Ново на Сител
-
Директорот на ФК „Слога“-Виница тепал фудбалер на противничката екипа пред почеток на натпреварот
-
Завршена јавната набавка за инсулин, потпишан договор за две години, информира Таравари
-
Ребаланс на Буџетот кон крајот на јуни
-
Во сообраќајка загина 33-годишен мотоциклист од Кичево
-
Мицкоски најавува средба со семејствата на настраданите во пожарот во Кочани
-
Поевтинуваат горивата
-
Студенти од Турција ограбиле таксист во Скопје
-
24-годишен охриѓанец со стаклен предмет нападнал маж од Скопје