-->
-->
Денеска почнува вакцинирањето во земјите членки на ЕУ
-->
Од денеска почнува вакцинацијата во земјите-членки на Европската Унија, откако вчера првите дози од вакцините на „Фајзер“ против Ковид-19 беа доставени до сите земји на ЕУ.
Согласно плановите за вакцинација што одделно ги објавуваа земјите-членки, прво ќе се вакцинираат приоритетните групи, меѓу кои медицинските лица, луѓето во домовите за стари лица, хронично болните.
Фон дер Лајен најави дека наскоро ќе има повеќе вакцини, бидејќи е докажано дека се безбедни и ефикасни. Таа рече дека ЕУ обезбедува дози од вакцините за целото население.
Посочи дека вакцинацијата ќе помогне постепено да се врати животот во нормала, но дотогаш луѓето треба да бидат внимателни да се заштитат себе си и своите најблиски од вирусот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Уапсен полицаец во Делчево кој возел без положен возачки испит, возилото одземено
-

Во две сообраќајни несреќи тешко повредени три лица, двајца малолетници и еден велосипедист
-

Медведев: Ситуацијата е многу опасна, не може да се исклучи глобален судир
-

Влада: Не знаеме кого Трендафилов чекал во празна сала, средбата помеѓу премиерот Мицкоски и претставниците на УПОЗ е закажана за четврток
-

Ѓоковиќ: Ќе се вратам на АО, но дали ќе ме видите тука како активен играч, времето ќе покаже
-

Дизел горивата поскапуваат за половина денар
-

Аудито на Мерко од 67.000 евра оди на надавање, почетна цена 10.000 евра
-

Во јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, приведени 74 лица за безобѕирно управување на возило
