Денеска одлука за стечајната постапка за „Фени Индустри“
Во текот на денешниот ден ќе се знае судбината на металуршкиот комбинат „Фени Индустри“ од Кавадарци. За денеска во Основниот суд во Велес е закажно рочиште на кое ќе се одлучува за отворање стечајна постапка во комбинатот, а и бугарски „Енекод“ до денеска има рок да достави нова подобрена понуда до банките, најголеми доверители во „Фени“.
- Се очекува до понеделник „Енекод“ да даде подобрена понуда кон банките, но и доколку тоа не се случи повторно сум оптимист дека и преку судска постапка ќе настане реактивирање на Фени за месец и половина до два. За компанијата има повеќе заинтересирани инвеститори, а погодува и цената на фероникелот која во моментов расте, изјави вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев во петокот.
Претседателот на Синдикалната организација на „Фени“ Ѓоре Палитов, пак, во петокот за МИА потврди дека е ставен во мирување дводневниот протест на работниците од „Фени индустри” поради покренатата стечајна постапка и се чека понудата на бугарскиот инвеститор и ставот на банките доверители.
- Во исчекување сме. Во понеделник е закажано судското рочиште во врска со барањето за стечај од страна на банките доверители. Тогаш ќе се знае дали и каква понуда ќе достави до банките заинтересираниот бугарски инвеститор и каков ќе биде ставот на доверителите, нагласи Палитов.
Дури потоа, рече, работниците ќе одлучат што понатаму, дали повторно ќе протестираат или не. Тие во изминатиот период протестираа пред филијалите на трите банки најголеми доверители и го блокираа патот Росоман-Прилеп.
Привремениот стечаен управник на „Фени Индустри“ Мирослав Анастасиевски порача дека отворање на стечајна постапка во овој момент е единствен начин за зачувување на имотот, спречување на настанување на штети и изнаоѓање на најбрзо можно решение за рестартирање и ангажирање на вработените во одржување на технолошкиот минимум, со изнаоѓање на нов стратешки инвеститор и брз премин кон нормално функционирање.
„Фени Индустри“ има долг од околу 60 милиони евра од кои 40 милиони им должи на Комерцијална банка АД Скопје, Стопанска банка АД Скопје и Силк роуд банка АД Скопје. Трите банки како најголеми доверители покренаа стечајна постапка за компанијата.
Ново на Сител
-
Тема на денот со генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитријевиќ
-
17 уапсени за инцидентите
-
ДУИ бара интерпелација на Тошковски - СДСМ лидерска средба
-
Разбојниците вчера од продажен објект на градскиот стадион одзеле 10.000 евра, но на излегување биле уапсени од ЕИП
-
Мицкоски за обвинителите: Нема веќе трпение
-
Приватните превозници се откажаа од блокада, утре продолжуваат да возат
-
Од Нова Година чоколадото ќе биде луксуз, поскапуваат и други берзански производи како маслото и шеќерот
-
Жртвите на семејно насилство во Струмица добиваат куќа за отворено домување