-->
-->
Денеска нов протест за ослободување на осудените за „27 април“
-->

Денеска пред владата на Република Македонија во 18.30 часот, ќе се одржи протест со цел да се испрати порака и да се побара правда за Уставобранителите.
Учесниците ќе протестираат за правда на затворените за случајот 27 април, кои се осудени за упадот во Собранието во 2017 година. Ова не е прв протест на уставобранителите.
Според организаторите на протестот, обвиненијата за тероризам на затворените за 27 април се политички монтирани. Тие бараат Врховен суд да го поништи судењето и да има ново, оти имало лажни сведоци.
Организаторите на протестот апелираа учесниците да се придржуваат до протоколите за време на пандемија и се оградуваат од навредливи скандирања и транспаренти базирани на етничка и верска основа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп го формираше Одборот за мир, со нејасни цели и контроверзен состав
-

Фидоски положи свечена заклетва
-

Седум и пол години затвор за обид за убиство на бабата и шурата
-

Охрид ја засилува патролата
-

Преглед на вестите од светот
-

Протест пред Усје, граѓаните бараат итна дислокација
-

Протест пред Усје
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Софија
