Денеска ќе се одржат седници на три собраниски комисии
Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници треба да одржат комисиите за земјоделство, шумарство и водостопанство и за европски прашања и Законодавно-правната комисија.
На дневен ред на Законодавно-правната комисија се Предлог законот за вештачење, Предлог на законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за гранична контрола, Предлог на законот за финансиската инспекција во јавниот сектор, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за шумите, по скратена постапка, Предлог на законот за изменување на Законот за фитофармација, по скратена постапка и барањата за давање на автентично толкување на неколку членови од Законот за урбанистичко планирање, од Законот за работните односи и од Законот за пензиското и инвалидското осигурување.
Членовите на Комисијата за европски прашања на денешните две последователни седници се очекува да расправаат по Предлог законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, по Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за гранична контрола, по Предлог законот за финансиската инспекција во јавниот сектор, по Предлог законот за вештачење и по Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести.
Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за шумите и Предлог законот за изменување на Законот за фитофармација, двата во скратена постапка се точки на дневен ред на седницата на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Ново на Сител
-

Николоски: Одлични вести од Брисел, македонските возачи признаени како професионалци во ЕУ
-

Мерц: Европа треба да изнајде начин за да биде доминантна сила
-

Мицкоски: Средбите во Давос ќе имаат придобивки во повеќе сектори
-

Руски „Лукоил“ продаден на американци
-

Тошковски: Се уште од МВР до Владата не е доставена нова систематизација
-

РКЕ: Во постапката за одземање на лиценца на Тритерол Петрол е постапено согласно Законот за енергетика и Правилникот за лиценци
-

Четири лица од Неготино силувале 13-годишно девојче
-

72-годишна жена од Штип измамена од лажен лекар за сума од 2.600 евра
