Денеска е Задушница - посебен сообраќаен режим
Православните верници ја одбележуваат Задушница. Тие сеќавајќи се на покојните, на овој ден се молат за простување на нивните гревови. Се посетуваат гробовите на најблиските, се пали свеќа
Поради верскиот празник ќе има посебен сообраќаен режим ќе биде воведен денеска и за време на викендот во периодот од 06 до 16 часот на сообраќајниците околу гробиштата во Скопје.
Сообраќајот кон гробиштата Бутел ќе се одвива кружно, односно возилата ќе се упатуваат по улицата „Александар Урдаревски” кон локалниот пат за селото Мирковци до влезот на гробиштата на улицата„Боца Иванова” и ќе се излегува повторно на улицата „Александар Урдаревски”.
По потреба, пренасочување на сообраќајот ќе има и на гробиштата Ѓорче Петров по улицата „Црногорска“, а на гробиштата „Камник“ по улицата „Јужноморавски бригади“ и улицата „Роман Каскалиевиќ“.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите од полициски службеници.
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци