Денеска е Св. великомаченик Георгиј – Ѓурѓовден
Свети Георгиј беше родум од Кападокија. Со Христос се запозна во својот дом. Кога татко му пострада за Христа и прими маченички венец, тој и мајка му се преселија во Палестина. Момчето порасна и стапи во војската на 20-годишна возраст дојде до чинот трибунал. Како таков му служеше на императорот Диоклецијан. Кога Диоклецијан почна да ги гони христијаните, младиот трибунал самиот објави дека е христијанин.
Почнаа разни тешки измачувања, но великомаченикот истраја во сите нив, а благодетта Божја му помагаше и го исцелуваше. Неговото мачеништво, т.е. сведоштво наведе многумина да поверуваат во Христа. Во 303 година му ја отсекле главата. Овој голем маченик Бог го награди со дар на чудотворство со кој, тој до денес им помага на сите што го повикуваат во своите молитви.
Ново на Сител
-
Запленети 192 килограма анаболични стероиди вредни 5,5 милиони денари
-
Трагедија во Бугарија - Седумгодишно дете случајно го уби сопствениот татко во Пловдив
-
Почина легендарниот македонски кошаркарски тренер Лазар Лечиќ
-
Турција: Момче, наводно инспирирано од видеоигра, тргнало во крвав напад, петмина повредени
-
Претрес во Велес, пронајдена дрога, приведени двајца дилери
-
Спектакуларен пречек на српските медалисти во Белград | ВИДЕО
-
Преселбата на штркови создава проблеми на Аеродромот во Истанбул
-
Лишен од слобода 29-годишен жител на Канатларци поради предизвикување пожар