Денеска е Св. праведен Јов

Свети Јов живееше околу 2000 години пред Христа, во Арабија. Во Библијата постои една цела книга, Книга на Јов, која зборува за животот на овој чудесен пример на трпение и тврда вера во Бога меѓу луѓето. Неговите страдања се сметаат за праслика на Христовите страдања. Јов бил чесен и побожен човек, освен тоа и многу богат. Но, се случило така што во својата старост тој во еден ден го загубил целото свое семејство и сиот свој имот. И не само тоа, туку го нападнала и тешка болест. Наоѓајќи се среде сите тие страдања Јов сепак ни во еден миг не похули на Бога. Затоа Бог му го врати здравјето и му даде поголемо богатство од претходното, а му се родија и други синови и ќерки. Свети Јов проживеа долг живот, постојано славејќи го и благодарејќи му на Бога за се и се упокои во длабока старост.
Ново на Сител
-

Денес се избира градоначалник на Брвеница
-

ДИК: До 15ч излезноста во општина Брвеница е 40,49%
-

Втор круг претседателски избори во Бугарија
-

Со тешки повреди на главата заврши 16 годишник по тепачката меѓу навивачките групи Фемили Аеродром и Работнички
-

Респираторните инфекции ги полнат педијатриските оддели
-

20 години архипастирска служба на владиката Иларион
-

Во Прилеп има само 26 легални такси возила, над 150 се диви таксисти – донесена нова одлука за регулација на дејноста
-

Туристичките водичи да ги прошируваат понудите
