-->
-->
Денеска е Св. маченици Галактион и Епистима
-->
Потекнуваа од Едеса Феникиска. Кога Галактион стаса за женење, татко му го сврши за некоја девојка Епистима.
Меѓутоа, тие продолжија да живеат девствено и наскоро се повлекоа на гората Пуплион, Галактион во машки, а Епистима во женски манастир, и многу напреднаа во доблесниот живот. Повторно се видоа дури пред смрт. Зашто во тоа време дојде до големо гонење на христијаните, па и Галактион и Епистима беа ставени на маки. Им ги отсекоа рацете и нозете и најпосле ги погубија. Нивните тела ги зеде и ги закопа некој Евтолиј, кој прво беше слуга кај родителите на Епистима, а подоцна монахуваше заедно со Галактион.
Ова се случи во 253 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Протест за правосуден испит на албански
-

Министрите ќе може да имаат двојно државјанство, предлог законот на СДСМ не помина во Собрание
-

Сиљановска: Не бараме привилегии од ЕУ
-

Опозициски прашања во Собранието
-

ВМРО-ДПМНЕ: Коалревиќ и Абази одработуваат за СДСМ и ДУИ
-

Поскапуваат горивата од полноќ, попустот од Окта веќе не важи
-

Финансиска полиција откри милионско затајување кај скопска фирма без специјализирана дејност
-

Годишен извештај на Ало Бушавко за 2025-та година: 19 деца сакале да се самоубијат или имале самоубиствени мисли
